Tuba Onğun
05 Септември 2022•Ажурирај: 06 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Се проценува дека турската економија ќе се зголеми за пет отсто оваа и следната година, според среднорочната економска програма на земјата објавена во неделата во Службен весник на Туркије, известува Агенција Анадолија (АА).
Се проценува исто така и забрзување на растот на бруто домашниот производ (БДП) од 5,5 отсто во 2024 и 2025 година, според мапата на патот на турската економија за 2023-2025 година.
Просечната целна стапка на раст на БДП е 5,3 отсто за тригодишниот период.
Владата има за цел БДП да достигне 867 милијарди долари во 2023 година, 952 милијарди долари во 2024 година и трилион долари до крајот на програмата.
Турската економија забележа раст од 7,6 отсто на годишна основа во вториот квартал од оваа година и 7,5 отсто во првиот квартал.
Се проценува дека годишната стапка на потрошувачка инфлација во Туркије ќе достигне 65 отсто до крајот на оваа година, а потоа ќе се намали на 24,9 отсто во 2023 година.
Во среднорочната програма за 2024 и 2025 година се планирани стапки на инфлација од 13,8 отсто и 9,9 отсто.
Се очекува дефицитот на тековната сметка да достигне 47,3 милијарди долари во 2023 година, а потоа да се намали на 22 милијарди долари следната година, 13,7 милијарди долари во 2024 година и 10 милијарди долари во 2025 година.
Владата проценува стапка на невработеност од 10,4 отсто следната година, пред да ја намали на 9,9 отсто во 2024 година и 9,6 отсто една година подоцна.
Стапката на невработеност во Туркије во јуни падна на 10,3 отсто, што е најниска стапка од 2018 година.
Новиот владин економски модел има приоритет на растот, инвестициите, производството, вработеноста и извозот со политика на ниски каматни стапки.