Bilal Acar
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
МАНЧЕСТЕР (АА) - Микел Артета, тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, е позитивен на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалното соопштение на овој клуб, тестот на Артета за Ковид-19 бил позитивен и затоа бил задржан во карантин.
„Ги следиме сите што биле во близок контакт со Микел Артета, и ним им препорачуваме да бидат во карантин во согласност со упатствата за борба против Ковид-19“, се наведува во соопштението.