Dildar Baykan
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Новиот вид коронавирус (Ковид-19) е откриен кај сопругата на премиерот на Канада, Џастин Трудо, кој самоиницијативно се стави во карантин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Канцеларијата на канадскиот премиер, Софи Грегоар Трудо е позитивна на Ковид-19.
Во соопштението се нагласува дека Софи Грегоар Трудо е во добра здравствена состојба и дека се преземени потребните мерки.
„Здравствената состојба на премиерот Џастин Трудо е добра и нема симптоми на болеста. Ќе биде задржан 14 дена во карантин. Во согласност со препораките на лекарите, премиерот, кај кого не се појавени симптоми, нема да биде тестиран“, се наведува во соопштението.
Се вели дека моментално нема ризик и за лицата што воспоставиле контакт со Џастин Трудо.