Ayşe Hümeyra Atılgan
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше телевизиската мрежа CNN (Си-ен-ен) за ширење „лажни вести“ и за оскудно претставување на САД во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој на твитер објави:„'FoxNews' се многу поважни во САД отколку CNN, но надвор од САД, 'CNN International' сè уште е главниот извор на (лажни) вести, и тие ја претставуваат нашата нација во светот многу оскудно. Надворешниот свет не ја гледа вистината од нив!“
Твитот доби илјадници реакции. Многу одговорија негативно.
Одделот за комуникации при CNN одговори на твитер пораката на претседателот: „Не е работа на CNN да ги претставува САД во светот. Тоа е ваша работа. Наша задача е да известуваме за вестите“.
Трамп и претходно во свои коментари го имаше како мета CNN, исто така нарекувајќи ги „лажни вести“ поради начинот на покривањето на неговата претседателска кампања и администрацијата.
Затоа, договорот, кој му даде сопствеништво на телекомуникацискиот гигант „АТ&Т“ над СCN, HBO (ХБО) и други канали, беше широко критикуван од Трамп, кој претходно изјави: „Како пример за структурата на моќта со која се борам, 'AT & T' го купува 'Time Warner', а со тоа и 'CNN', договор што ние не го одобруваме во мојата администрација бидејќи тоа е преголема концентрација на сила во рацете на неколкумина“.
Иако „AT&T“ претходно оваа година објави дека договорот се очекува да се склучи до крајот на 2017, минатиот месец, главниот финансиски директор на компанијата изјави дека владиното одобрување не се одвива толку лесно како што се очекувало, и дека договорот ќе биде одложен до следната година.