свет

Трамп повикува на одложување на ноемвриските претседателски избори

„Тоа ќе биде голем срам за САД. Одложет ги изборите додека луѓето не ќе можат правилно и сигурно да гласаат", напиша Трамп

Servet Günerigök  | 30.07.2020 - Обновена : 01.08.2020
Трамп повикува на одложување на ноемвриските претседателски избори

ВАШИНГТОН

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп повика на одложување на ноемвриските претседателски избори наведуваќи можност за измами кои би можеле да се случат за време на гласењето преку пошта, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На социјалната мрежа Твитер, Трамп напиша дека гласањето преку пошта би можело да доведе до измами и неточни резултати.

„Тоа ќе биде голем срам за САД. Одложете ги изборите додека луѓето нема да можат правилно и сигурно да гласаат", напиша Трамп.

Предлогот следуваше по неколку месеци откако Трамп изрази противење поради испраќањето на гласачките ливчиња преку пошта поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), за што рече дека де доведе до наместени избори".

Претседателските избори во САД се планирани за 3 ноември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.