Dildar Baykan
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател, Доналд Трамп, откако беше пуштен од болница по лекувањето од коронавирусот, изјави дека „не треба да се плашиме од вирусот и не треба да дозволиме вирусот да преземе контрола врз нас", јавува Агенција Анадолија (АА).
„Научив многу за коронавирусот. Едно е сигурно. Не дозволувајте да преземе контрола врз вас, немојте да се плашите. Ќе го победите вирусот“, изјави Трамп во видеопорака.
Тој изјави дека САД имаат најдобри лекови на светот.
„Кога првиот пат отидов во болница, не се чувствував добро. Но можев да ја напуштам болницата пред два дена. Прв пат по долго време се чувствувам така добро“, изјави Трамп и додаде: „Се враќаме на својата работа. Јас ќе бидам напред како ваш водич. Знам дека постои опасност, но морав да го сторам ова. Јас ќе останам напред и ќе бидам лидер.“
Трамп се заблагодари на сите што се грижеле за него во болницата „Волтер Рид“.
Претходно, со одобрение на неговите лекари, тој ја напушти Воената болница „Волтер Рид“, каде се лекуваше од Ковид-19.
Потсетуваме, американскиот претседател, Доналд Трамп, на 2 октомври соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот (Ковид-19).