Adem Şalvarcıoğlu
13 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
АНКАРА (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со американскиот свештеник Ендрју Крејг Брансон, кој со одлука на судот во Турција, вчера е пуштен на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Ердоган на помпшта", порача Трамп.
Американскиот претседател претходно на социјалната мрежа Твитер напиша дека денеска попладне ќе го прими Брансон во Овалниот кабинет.
„Ќе биде убаво повторно да го видам. Тој е еден одличен христијанин кој имаше тешко искуство", напиша Трамп и порача дека му се заблагодарува на турскиот претседател Ердоган.
Во вториот твит, Трамп рече дека за ослободување на Брансон и неговото враќање не е постигнат никаков договор со Турција.
„Верувам дека одлуката за Брансон ќе го отвори патот кон подобри односи на САД и Турција", порача Трамп.
Судот во Турција го осуди американскиот свештеник Ендрју Брансон на 3 години, 1,5 месец и 15 дена затвор, но истовремено му се укинати мерките за забрана, домашниот притвор и напуштањето на земјата, со што Брансон излегува на слобода. Истиот ден отпатува за Германија.
Ендрју Крег Брансон е уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за активности и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО.
На барање на Oбвинителството, Судот во Измир на 18 јули на американскиот свештеник му изрече мерка притвор за време на судската постапка, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преиначена во домашен притвор.
Во обвинението што го подигна Обвинителството во Измир се наведува дека тој бил во контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО.