Hakan Çopur
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неделата го номинираше републиканскиот конгресмен Џон Ретклиф за директор на Националната разузнавачка агенција (DNI) пет дена подоцна потврди дека Ретклиф нема да биде кандидат за таа функција, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп преку социјалната мрежа Твитер се осврна на кандидатурата на Ретклиф за позиција во Националната разузнавачка агенција, а порача дека медиумите биле многу неправедни кон него.
„Веќе подолг период беше изложен на различни обвиненија и навреди. Му кажав на Џон дека неговото занимавање со такви луѓе ќе влијае на него и на неговото семејство. Џон, кој таму направи прекрасна работа, одлучи да остане во Конгресот. Набргу ќе ја објавам кандидатурата за Националната разузнавачка агенција“, напиша Трамп.
Ретклиф му се заблагодари на Трамп што размислил за неговата кандидатура, и изјави дека и самиот тој одлучил да остане во Конгресот.