свет

Трамп го откажа состанокот со Ким Џонг Ун

Трамп на севернокорејскиот лидер му прати писмо во кое го извести дека нема да учествува на Самитот кој требаше да се одржи на 12 јуни

Ekipa  | 24.05.2018 - Обновена : 25.05.2018
Трамп го откажа состанокот со Ким Џонг Ун

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа состанокот со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун во Сингапур, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп на севернокорејскиот лидер му прати писмо во кое го извести дека нема да учествува на Самитот кој требаше да се одржи на 12 јуни.

Во писмото наведе дека му е жал што морал да го откаже состанокот, додавајќи дека тоа го прави поради отвореното непријателство кое Северна Кореја го изразила во последната официјална изјава.

„Сметам дека поради тоа е непримерно во овој момент да се одржи тој долго планиран состанок“, наведе Трамп.

Тој нагласи дека неговата одлука е за доброто на двете страни.

„Зборуваше за нуклеарните способности на својата земја, но нашите се толку големи и моќни што го молам Бог никогаш да не мораме да ги користиме“, напиша американскиот претседател.

Тој истакна и дека чувствува како се раѓа прекрасен дијалот меѓу него и лидерот на Северна Кореја, нагласувајќи го значењето на дијалогот.

„Еден ден со задоволство ќе се состанам со Вас“, напиша Трамп, и му се заблагодари на Ким што ги пуштил на слобода американските заложници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın