Emel Öz Gözellik
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
СИДНЕЈ (АА) - Во текот на трите месеци од летото во Австралија – декември, јануари и февруари, топлотниот рекорд е срушен 205 пати, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот за климатски промени го објави извештајот „Луто лето“, во кој тој наведува дека летните месеци во периодот 2016 – 2017 се премногу топли.
Во последните три месеци, во источниот и централниот дел на земјата се регистрирани топлотни бранови и шумски пожари, а во западниот дел, обилни дождови и поплави.
Извештајот покажува дека температурата на воздухот во државата Нов Јужен Велс беа за 2,5 степени повисоки, со што во градот Moри, температурата во период од 54 дена по ред беше над 35 степени Целзиусови, што е рекорд за земјата.
Температурата во Аделаида на 25 декември изнесуваше 41,3 Целзиусови степени, што е рекорд во последните 70 години.
Топлотните рекорди се срушени во 66 региони, 89 се погодени од поројни дождови.
Во источниот дел на земјата, во 50 градови температурата на воздухот беше над 35 степени, а беа регистрирани повеќе од 100 шумски пожари.
Извештајот укажува на климатските промени, кои се видливи во Австралија, и предупредува дека доколку не се преземат потребни мерки, може настанат сериозни последици.