Hakan Çopur
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, изјави дека е должен да и даде објаснување на Турција во врска со вестите за формирање на посебни сили за заштита на границата на северниот дел на Сирија и додаде дека САД не работи на нивно формирање, јавува Anadolu Agency (AA).
„Должни сме на Турција да ѝ дадеме едно објаснување. Се работи за апсолутно погрешно претставен случај и некои лица даваа погрешни изјави во врска со тоа. Не формираме никакви сили за безбедност на гранциите во Сирија“, изјави Тилерсон за новинарите кои во авионот го следеа неговото враќањето во Вашингтон од конференцијата на калифорнискиот универзитет Стенфорд.
Истакнувајќи дека за таа тема детално разговарал со својот турски колега Мевлут Чавушоглу, за време на состанокот во Канада, кој е одржан во рамките на неодамнешниот состанок за Северна Кореја, Тилерсон изјави дека целта на САД во Сирија е на подрачјето ослободено од терористите на ДЕАШ да овозможат обука на локалните елементи.
Тој исто така изјави дека терористите на ДЕАШ и понатаму извршуваат напади во северозападниот дел на Сирија и дека е потребно да се организираат додатни обуки на локалните сили за да се неутрализираат терористичките елементи.
Турција остро реагираше и ги оцени како неприфатливи најавите за формирање на таканаречените специјални сили за заштита на границата во северниот дел на Сирија, која е под окупација на терористичката организација ПЈД/ПКК која се крие зад називот Сириски демократски сили.
Шефот на Стејт департментот, Тилерсон, изјави дека ја разбира реакцијата на Анкара, како и неговиот колега, американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис.
Синоќа за тој случај преку пишано соопштение се огласи и Пентагон од каде тврдат дека во северниот дел на Сирија, САД не формира нова војска, ниту конвенционални погранични сили.