Burak Bir
18 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
АНКАРА
Двајца турски војници загинаа во напад на терористите на ПКК во пограничната антитерористичка операција во северен Ирак, се соопштува од Министерството за одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Војниците загинаа, уште еден е повреден во напад на терористите во операцијата „Канџа-тигар“ во северен Ирак“, се соопштува од Министерството.
Министерството во соопштение на Твитер денеска изрази сочувство до семејствата на загинатите војници и до турскиот народ.
Турската операција „Канџа-тигар“ започна во средината на јуни со цел да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите со неутрализирање на заканата која доаѓа од ПКК и од другите терористички групи во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.