Mustafa Melih Ahıshalı
20 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (AA) - Најмалку 20 пожарникари вчера го загубија животот во рушење на облакодер во Техеран, главниот град на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
На зградата изградена пред 50 години пожарот го гасеа повеќе противпожарни екипи, пред да се сруши зградата.
Според првичните податоци, загинаа 20 пожарникари, а претседателот на Советот за здравје и околина во Техеран Рахметулахи Хафиз изрази загриженост дека бројот на мртвите би можел да биде зголемен, бидејќи на гасењето на пожарот на шестиот и седмиот кат учествувале помеѓу 30 и 40 пожарникари.
Хафизи истакна дека постои можност да нема преживеани.
„Бројката на мртвите би можела да биде зголемена на 40", рече тој.
Гласноговорникот на Кабинетот за природни непогоди во Техеран, Хасан Абаси потврди дека се повредени 84 лица, најголем број од нив пожарникари.
Сеуште траат акциите за барање и спасување.