Eşref Musa
06 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК киднапира 17-годишно момче од Деир ез-Зор, во окупираната покраина Рака, североисточна Сирија, за да го регрутира, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги доби АА од локални извори, терористите на ЈПГ/ПКК вчера го киднапираа 17-годишниот Хамед Ахмет ел-Зелан, кој е роден во 2004 година во селото Ебу Хамам, во покраината Рака.
- Децата се носат во таканаречените кампови за обука во Хасека -
Терористите на ЈПГ/ПКК и претходно киднапираа голем број деца во Хасека и насилно ги регрутираа. Во областите Амуда и Хасека киднапираа 8 деца, меѓу кои има и девојчиња.
Националната коалиција на опозициските и револуционерни сили на Сирија (СМДК) и Сирискиот курдски национален совет (ENKS) преку соопштение ја осудија терористичката организација ЈПГ/ПКК, која киднапира деца.
ЈПГ/ПКК ги носи децата во своите таканаречени кампови за обука во Ал Хасека.
- ЈПГ/ПКК ги користи децата како борци -
Во Извештајот за шверцување луѓе во 2020 година, објавен на 26 јуни од страна на американскиот Стејт департмент, се наведува дека терористичката организација ЈПГ/ПКК присилно ги тера децата да војуваат.
„ЈПГ продолжи со искористување и присилно регрутирање, дури и на девојчиња и момчиња на 12-годишна возраст, од бегалските кампови во северозападниот дел на Сирија“, се истакнува во извештајот.
Советот за човекови права при Обединетите нации (ОН) во извештајот објавен на 16 јануари сподели нови наоди во врска со тоа дека терористите на ЈПГ/ПКК ги користат како борци децата во Сирија.
Од друга страна, Вирџинија Гамба, специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН, поради ситуацијата со децата во вооружените конфликти, на 29 јуни 2019 година во Канцеларијата на ОН во Женева се состана со Ферхат Абди Шахин, еден од водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК со кодно име Мазлум Абди. На средбата беше одржана официјална церемонија на која беше потпишан акционен план со цел оваа терористичка организација да ги ослободи децата борци.
Но по ова, ниту ОН ниту други меѓународни организации не објавија извештај за тоа дека е ставен крај на оваа состојба.