свет

Терористите на ЈПГ/ПКК изведоа минофрлачки напад врз цивилите на подрачјето на Шанлиурфа

Терористите на ЈПГ/ПКК од окупираната сириска територија изведоа напад со минофрлачи и погодија три куќи во местото Суруч, во близина на турско-сириската граница. Во нападот е повредено едно лице

Cebrail Caymaz, Mehmet Fatih Aslan, Eşber Ayaydın, Mustafa Güçlü  | 13.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
Терористите на ЈПГ/ПКК изведоа минофрлачки напад врз цивилите на подрачјето на Шанлиурфа

ШАНЛИУРФА (AA) - Најмалку едно лице е повредено во минофрлачкиот напад на терористите на ЈПГ/ПКК кои го изведоа од окупираните подрачја на Сирија, во местата Суруч и Акчакале, недалеку од турскиот град Шанлиурфа, јавува Anadolu Agency (AA).

Вооружените сили на Турција на 9 октомври започнаа воена операција „Извор на мирот“, чија цел е со елиминација на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување на терористички коридор.

Терористите на ЈПГ/ПКК од окупираната сириска територија изведоа напад со минофрлачи и погодија три куќи во местото Суруч, во близина на турско-сириската граница. Во нападот е повредено најмалку едно лице.

Повреденото лице итно е префлено во болница, на погодените куќи е забележана штета.

Терористите, исто така изведоа и минофрлачки напад врз турското погранично место Акчакале, а погоден е објект во кој се наоѓаа цивили. Меѓу присутните настана паника, а објектот е значително оштетен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.