свет

Терористите на ЈПГ/ПКК ги нападнаа населените подрачја: Загинаа најмалку 18 лица

„Целта на терористите се цивилите. Од сириската територија која ја држат под окупација исфрлаат минофрлачки гранати. Го напаѓаат турскиот народ, Господ да ѝ даде сила на нашата војска“, порача Ерзак

Şükrü Gündüz, Eşber Ayaydın, Mehmet Arif Altunkaynak  | 13.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
Терористите на ЈПГ/ПКК ги нападнаа населените подрачја: Загинаа најмалку 18 лица

МАРДИН/ ШАНЛИУРФА (AA) - Најмалку 18 лица, меѓу кои и деветмесечното бебе Мухамед, убиени се во предавничките напади на терористите на ЈПГ/ПКК од подрачјата кои ги држат под окупација во Сирија, а чија цел се цивилите на подрачјето на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите на новинарот на АА, од 9 октомври, кога е започната операцијата „Извор на мирот“, во минофрлачките и ракетните напади кои терористите ги извеле врз Нусајбин, недалеку од турскиот град Мардин, и на Акчакале, Чејланпинар, Соруч и Биречик, во близина на Шанлиурфа, убиени се најмалку 18 цивили, меѓу кои и бебето Мухамед по потекло од Сирија, а повредени се повеќе од 100 лица.

Во Нусајбин се убиени 11, во Суруч 3 и во Акчакале и Џејлапинар по 2 цивила. Освен деветмесечниот Мухамед, терористите убија уште 4 деца. Во Џејланпинар е убиен 11-годишниот Мазлум Ѓунеш кој излегол од дома за да купи леб, и 11-годишната Елиф Терим која си играла на улица. Во Нусајбин, заедно со мајката, пред куќа се убиени сестрите Еина и Лејла Јилдиз, кои имале 12 и 15 години.

Она што е значајно да се нагласи е тоа дека терористите на ЈПГ/ПКК се користат со многу подмолни тактики во текот на нападите на населените подрачја во Турција. Во Нусајбин пред два дена е изведен терористички напад во кој се убиени 8, а повредени беа 35 лица. Дополнително е утврдено дека терористите најпрвин извеле напад со минофрлач на една куќа, а потоа кога соседите пристигнале во помош на семејството чија куќа е бомбардирана, изведен е и втор напад на истата куќа.

Терористите, денеска, од подрачјето на Камишли, во близина на сирискиот град Хасека, само врз Нусајбин извеле околу 300 напади.

Ахмет Тореман, сопственик на куќата која терористите на ЈПГ/ПКК ја погодија во Акчакале, и во која смртно настрада деветмесечниот Мухамед, за АА изјави дека на терористите не им е битно дали нивната цел е дете, старо лице или жена, тие убиваат и бебиња.

„Навистина е тешко да се каже што било. Терористите ги напаѓаат невините луѓе. Целиот свет нека види како ЈПГ/ПКК уби бебе од девет месеци. Уништена е и мојата куќа, но тоа е помалку важно. Јас куќата можам да ја поправам, но како да се поправат срцата на мајката и таткото кои го загубија бебето. Предавниците на ЈПГ/ПКК нанесуваат штета на човештвото“, порача Тореман.

Абдулак Ерзак рече дека терористите во минофрлачкиот напад ја погодиле куќата на неговиот брат, по што избувнал пожар, од кој сѐ во куќата било уништено.

„Целта на терористите се цивилите. Од сириската територија која ја држат под окупација исфрлаат минофрлачки гранати. Го напаѓаат турскиот народ, Господ да ѝ даде сила на нашата војска“, порача Ерзак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın