свет

Трамп ја повика Европа да ги прими и процесуира терористите на ДЕАШ од Сирија

„По големиот број барања, Европа треба да ги прими назад. Треба да го стори тоа сега“

Büşra Nur Bilgiç  | 14.10.2019 - Обновена : 15.10.2019
Трамп ја повика Европа да ги прими и процесуира терористите на ДЕАШ од Сирија

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп утринава ги повика властите на европските земји да ги прифатат и процесуираат припадниците на терористичката организација ДЕАШ кои се наоѓаат во затворите во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

„По големиот број барања, Европа треба да ги прими назад. Треба да го стори тоа сега“, порача Трамп на Твитер, и додаде дека најлошите терористи на ДЕАШ се наоѓаат во САД.

Трамп, исто така порача дека не смее да се дозволи терористите да побегнат од притвор во екот на операцијата „Извор на мирот“, која Турските вооружени сили ја спроведуваат на североисточниот дел на Сирија.

Вооружените сили на Турција (ТСК) и Сириската национална војска (SNA), во средата, на 9 октомври, покренаа операција „Извор на мирот“, чија цел е да се воспостави мир и безбедност во регионот и да се уништи терористичкиот коридор кој терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција.

Турските сили операцијата ја спроведуваат против терористичката организација ЈПГ/ПКК, а од Анкара е соопштено дека турските сили ќе ги преземат терористите на ДЕАШ од притворските центри во тој дел на Сирија. За најадекватно решение Анкара го смета тоа терористите да се предадат на земјите од каде што дошле во Сирија и да се процесуираат во тие земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın