Ekipa
04 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
АЗАЗ (АА) – Тројца припадници на Слободната сириска војска загинаа, а тројца се повредени во судирите со терористичката организација ЈПГ/ПКК која се обиде да се провлече во подрачјето на Азаз и Ал Баб каде што се позиционирани силите на Слободната сириска војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, сместена во и околу Тел Рифат, ноќта од селото Абла во Ал Баб се обиде да се провлече во подрачјето каде што се позиционирани силите на Слободната сириска војска.
Помеѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и припадниците на Слободната сириска војска во Келеџебрин на југот од Азаз, во Шејх Иса, на западниот дел на Маре и во Абла, Хазван и Дикметаш на западниот дел од Ал Баб, имало вооружени судири во текот на целата ноќ.
Во судирите тројца припадници на Слободната сириска војска ги загубиле своите животи, а тројца се повредени. Слободната сириска војска не дозволила терористичката организација да се провлече во регионот на Азаз и Ал Баб.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, сместена во и околу Тел Рифат, често ги напаѓа населените места Азаз, Мареа, Кефер Келбин и Џибрин контролирани од страна на опозицијата и Слободната сириска војска.