Burak Bir
16 Ноември 2019•Ажурирај: 17 Ноември 2019
МАРДИН/ШАНЛИУРФА (АА) - Властите на Република Турција разрешија од функција градоначалници на четири општини во југоисточниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на гувернерот на областите Шанлиурфа и Мардин соопшти дека од должност се разрешени градоначалниците на општините Суруч, Мазидаги, Савур и Дерик.
Станува збор за градоначалниците Хатиџе Чевик, Налан Озаујдин, Ѓулистан Онџу и Мулкије Есмез.
Сите разрешени градоначалници се членови на Народната демократска партија (HDP) и против нив се води истрага за поврзаност и поддршка на тероризмот.
На испразнетите градоначалнички места се именувани околиските началници, кои тие функции ќе ги извршуваат до следните избори.
Властите на Република Турција ја обвинуваат Народната демократска партија (HDP) за директна поврзаност со терористичката организација ЈПГ/ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 лица, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.