Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
04 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
МАРДИН
Терорист на ЈПГ/ПКК денес се предаде на безбедносните сили на турско-сириската граница, велат извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористот идентификуван со иницијали М.Е.К го спушти своето оружје во југоисточната област Мардин по напорите за убедување од страна на локалните жандармериски сили и Националната организација за разузнавање.
Терористот кој има криминално досие се предаде на на граничниот пункт Нусајбин Фарук Гезен без оружје и муниција.
Бројот на терористи кои се предадоа преку напорите за убедување оваа година се искачи на 193.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.