İdiris Okuduci
23 Септември 2023•Ажурирај: 25 Септември 2023
БЕЈРУТ (АА) - Либанските сили возвратиле на провокативниот напад на израелските сили на границата на двете блискоисточни држави, пренесува Анадолу.
Либанската војска соопшти дека возвратила со иста мерка на нападот со димни бомби што израелските сили го извеле врз нејзиниот персонал на границата.
Агенцијата ННА објави дека израелската војска ја прекршила таканаречената „плава линија“ на границата која е под контрола на Привремените мировни сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL) и со димни бомби нападнале булдожер и копач кои им припаѓаат на либанската војска.
Неодамна на ист начин либанската војска одговори и на нападот во пограничниот регион во јужниот дел од земјата.