свет

Тајван ја дочека Новата година со огномет во Тајпеј

Централниот огномет се одржа кај познатиот облакодер Тајпеј 101. Светлосното шоу започна точно на полноќ и траеше неколку минути, при што зградата беше претворена во импровизирана сцена со синхронизирани светлосни и пиротехнички ефекти

Elena Trenchevska Chekovikj  | 31.12.2025 - Обновена : 31.12.2025
Тајван ја дочека Новата година со огномет во Тајпеј Фото: Daniel Ceng / AA

Тајпеј

Тајван ја пречека 2026 година со спектакуларен огномет кој ја осветли ноќта над главниот град, Тајпеј, јавува Анадолу.

Илјадници граѓани и туристи се собраа за да го прослават почетокот на новата година со традиционалниот новогодишен настан.

Централниот огномет се одржа кај познатиот облакодер Тајпеј 101. Светлосното шоу започна точно на полноќ и траеше неколку минути, при што зградата беше претворена во импровизирана сцена со синхронизирани светлосни и пиротехнички ефекти.

Новогодишниот огномет кај Тајпеј 101 со години е симбол на модерниот дух и динамичниот развој на Тајван. И оваа година, спектаклот испрати порака на оптимизам и надеж, означувајќи нов почеток за земјата и нејзините жители во 2026 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın