Mehmet Emin Gürbüz,Zafer Göder
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
БОЛУ
Ски-центарот Карталкаја, еден од значајните турски центри за зимски туризам, ги заврши подготовките за дочекот на Новата година и почна да ги чека своите гости, јавува Агенција Анадолија (АА).
Завршени се подготовките за дочекот на Новата година во петте хотели со капацитет од 2.000 легла во ски-центарот, кој се наоѓа меѓу Анкара и Истанбул и на врвот на планините Короглу.
Пополнетоста на хотелите кои опслужуваат во ски-центарот, каде што има 25 патеки со вкупна должина од 75 километри, надмина 90 отсто.

Домашните и странските туристи кои ќе дојдат во Карталкаја, каде што се преземени мерките против Ковид-19, Новата година ќе ја дочекаат со забавите што ги организираат хотелите.
Во скијачкиот центар, каде што дебелината на снегот достигнува еден метар, туристите уживаат скијајќи се на патеките.
Емир Арас, генерален директор на хотелот „Гранд картал“, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека стапката на исполнетост на хотелите е 90 проценти.

Нагласувајќи дека се задоволни од пополнетоста, Арас рече: „Има убав снег за скијачите. Никогаш немало ваков снег во декември. Првпат во Новата година ќе влеземе со толку снег. Временските прогнози покажуваат дека и следната недела ќе има врнежи. Ако времето не се затопли, има доволно снег до крајот на сезоната. Моментално отворени се сите наши писти.“
Арас, меѓу другото, нагласи дека гостите ќе ги пречекаат со почитување на мерките за заштита од епидемијата.
