Ahmet Nurduhan
31 Декември 2025•Ажурирај: 03 Јануари 2026
Муслиманските Нубијци, кои во 19 век биле насилно земени од нивните земји во Уганда и Судан од страна на Британците и донесени во Кенија, водат борба за опстанок во Кибера, една од најголемите сиромашни населби во главниот град Најроби, јавува Анадолу.
Изложени на експлоатација со години, Нубијците настојуваат од генерација на генерација да ги зачуваат своите обичаи, традиции и културно наследство.
Заедницата, особено за време на свадбените церемонии и културните настани, носи традиционални носии и го изведува танцот „тари“.
И покрај тешките услови за живот, Нубијците во Кибера продолжуваат да ги чуваат својот идентитет и културното наследство.
Заедницата привлекува внимание со шарените носии и традиции, а во последно време го привлекува и интересот на странските туристи.