Burak Bir
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Низ главниот авганистански град Кабул имаше славенички истрели и огномети по повод заминувањето на последните американските војници од Авганистан, непосредно пред крајниот рок до 31 август, договорен со талибанците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред само две недели, талибанците го зазедоа Кабул додека претседателот Ашраф Гани избега од земјата.
Пентагон соопшти дека заминал последниот лет, а сите американски воени сили сега се надвор од Авганистан.
„Вечерва 12:00 часот [по авганистанско време], последниот американски војник го напушти Авганистан. Нашата земја се здоби со целосна независност. Фала му на Алах. Честитки од срце за сите сонародници!“, напиша портпаролот на групата, Сухаил Шахин, на Твитер.
„Фала му на Бога, сите окупатори целосно ја напуштија нашата земја“, напиша Мохамед Наим, портпаролот на политичката канцеларија на талибанците во Катар, на Твитер.
„Повторно запишавме историја“, напиша на Твитер Анас Хакани, висок функционер во групата.
„20-годишната окупација на Авганистан од САД и НАТО заврши вечерва“.
На интернет беа објавени и видеа со портпаролот Забихула Муџахид, кој се обраќа на група борци на аеродромот во Кабул.
Многу Авганистанци кои работеа со западните сили, плашејќи се од одмазда, го напуштија Авганистан. Сите очи сега се вперени кон талибанците за тоа какви правила ќе воведат во етнички поделената земја. Групата вели дека е во процес формирање „инклузивна“ влада.