Ekipa
06 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку 25 војници се убиени во нападот кој денес талибанските милитанти го извршија во западниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Талибанските милитанти го одбија повикот на авганистанската Влада за прекин на судирите за време на Рамазан, а утринава извршија вооружен напад на контролниот пункт во покраината Фарах.
Челникот на Регионалното собрание во Фарах, Шах Мехмуф Наими, изјави за АА дека Талибанците во текот на ноќта извршиле напад на пункт на автопатот кој ги поврзува градовите Херат и Кандахар.
Судирите во тој регион и понатаму траат.
И вчера талибанските милитанти извршија бомбашки и вооружен напад на полициска дирекција во северната авганистанска покраина Баглан. Убиени се најмалку 13, а ранети се 55 лица.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го потврди апелот за примирје за време на Рамазан.
„Уште еднаш ги повикувам Талибанците да го почитуваат одбраниот месец Рамазан и да овозможат процес за мир и помирување во Авганистан“, порача Гани.