Sayed Khodaberdi Sadat
01 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2019
КАБУЛ (AA) – Најмалку 20 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени во нападот кој доцна синоќа талибанските милитанти го изведоа на северот на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на кабинетот на гувернерот на покраината Сар-и Пул, Забихулах Амани, за АА рече дека талибанските милитанти извеле напад на градот Сајад, истовремено од три правци.
„Според достапните информации, загинаа најмалку 20 војници, а убиени се и поголем број милитанти“, рече Амани.
Судирите во градот и понатаму траат.
Авганистан е повеќегодишно упориште на безбедносната криза, во постојана борба против екстремистите на милитантното талибанско движење и терористичката организација ДЕАШ, која, по поразот во Ирак и Сирија, ги интензивираше активностите во Авганистан.