Amina Zorniç
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - „Изборот на Доналд Трамп за американски претседател беше логично, последната станица пред паѓањето на дното“, изјави Ден Грини, сценаристот на легендарните „Симспонови“, кои во една епизода од 2000 година ја предвиделе победата на Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Откако вчера, по претседателските избори во САД, беше потврдeна победата на републиканецот Трамп, на медумите и социјалните мрежи брзо се прошири исечок од епизодата на Симпсонови, од пред 16 години, во која Трамп доаѓа на чело на Америка.
Сценаристот на „Симпсонови“ Ден Грини изјави дека во тоа време, победата на Трамп во епизодата на анимираниот серијал била предупредување за Америка, пишува британскиот весник „Мирор“.
„Тоа беше предупредување за Америка. Тоа изгледаше како логичен чекор пред да го допреме дното. Таа сцена ја употребивме бидејќи се совпаѓа со ситуацијата во која Америка го губи разумот“, истакна Грини.
Според неговите зборови, Трамп во „Симпсонови“ бил најапсурдниот лик, кој служел за шега.
Вчера, извршниот продуцент на „Симпсонови“ се огласи на својот профил на Твитер: „Разочарување!“, напиша тој.