Turgut Alp Boyraz
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
КУДС (АА) – Се појавија видео-снимки како еден израелски командант на воен тим во градот Ел Халил, на Западниот Брег, кој се наоѓа под израелска окупација, од улица украде неколку јаболки од тезгата на еден палестински уличен продавач, пренесува Anadolu Agency (AA).
Откако на социјалните мрежи се појави видео-материјал од моментот на кражбата, по што стаанаа тема за потсмев, израелската војска објави дека е суспендиран израелскиот командат којшто ја искористи можност и украде неколку јаболки за себе и своите колеги од тезгата која ја напуштил палестинскиот уличен продавач по судирите кои настанаа меѓу народот и израелсктие војници.
Војската која потврди дека командантот ги украл јаболките, го објави следното сооштение: „Таквото однесување не е соодветно на она кое го очекуваме од еден војник или командант на израелската војска. Командантот е суспендиран (оној што ги украде јаболките) и ќе биде казнет со дициплинска казна”.
Не е идентификуван командантот, член на бригадата „Гивари” кој ја стори кражбата. Се истакнува дека случајот на кражбата на јаболки се случил за време на судирите кои настанаа по одлуката на Трамп за признавањето на Кудс за главен град на Израел.