Nilay Kar
31 Јануари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезискиот султан Абдула султан Ахмад Шах денес положи заклета како нов и 16. крал на Малезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Султанот на сојузната држава Паханг, султан Абдула, положи свечена заклетва на церемонијата одржана во Националната палата во Куала Лумпур, на која присуствуваа и други владетели на Малезија.
На церемонијата која беше пренесена на националните телевизии, присуствуваше и премиерот Махатир Мохамад.
Абдула, минатата недела од страна на поглавари на девет сојузни малезиски држави беше избран за крал во наредните пет години. Ова се случи откако претходниот монарх ја отстапи својата функција по пријавениот брак со руската кралица на убавината.
Новиот малезиски крал, султан Абдула (59) е страствен спортист и член на Советот на Светската фудбалска репрезентација (ФИФА).
Малезија е уставна монархија со федерален репрезентативен карактер. Кралот има церемонијална улога, додека премиерот го надгледува секојдневното владеење.
На 6 јануари поранешниот султан Мухамад V даде шокантна оставка, прва во малезиската историја.