Aida Cako
25 Февруари 2026•Ажурирај: 25 Февруари 2026
БЛЕСКЕНСГРАФ (АА) - Протестот поради планираниот објект за сместување баратели на азил во општината Моленланден синоќа прерасна во насилство откако демонстранти запалија огномет во близина на општинската зграда во Блескенсграф, Холандија, јавува Анадолу.
Полицијата распореди специјални единици за разбивање нереди што, според локалните власти, биле нападнати со стаклени предмети и камења додека тензиите ескалирале.
Немирите следуваа по зголеменото незадоволство кај дел од локалното население во врска со плановите на општината да разгледа повеќе локации за евентуално сместување на барателите на азил.