Sayed Khodaberdi Sadat
10 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти во подрачјето на Дере-и Суф, во авганистанската провинција Саманган, нападнаа полициска станица, при што во вооружениот судир животот го загубија 14 припадници на безбедносните сили и 4 Талибанци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Гувернерството на Саманган информираше дека по нападот на милитантите на полициската станица во подрачјето на Дере-и Суф, настанала вооружена пресметка.
Во судирот животот го загубија 14 припадници на безбедносните сили и 4 талибански милитанти, а 6-мина припадници на безбедносните сили и двајца милитанти се ранети.
Засега талибанската страна не даде никакво соопштение во врска со настанот.