свет

Судир на израелската полиција и Палестинците на влезовите во Ал Акса

Во судирот до кој дојде помеѓу Палестинците и израелската полиција приведени се најмалку четири лица

Mustafa Deveci  | 24.05.2020 - Обновена : 25.05.2020
Судир на израелската полиција и Палестинците на влезовите во Ал Акса

Во текот на судирите до кои дојде помеѓу израелската полиција и Палестинците што сакаа да клањааат бајрам намаз на влезовите во Ал Акса, приведени се најмалку 4 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Многу Палестинци што живеат во Источен Ерусалим (Источен Кудс) дојдоа до Стариот Град за да клањаат на влезовите на Ал Акса, која поради коронавирусот (Ковид-19) е затворена за молитви.

Израелската полиција, наведувајќи дека поради пандемијата е дозволено најмногу 50 лица да извршуваат молитва на отворен простор, постави барикади на влезовите во Стариот Град и на Палестинците им оневозможи да дојдат до влезот на Ал Акса.

Многу Палестинци, што сакаа да клањаат бајрам намаз во Ал Акса, преминаа преку барикадите, поради што дојде до судир со израелската полиција.

Израелската полиција приведе најмалку четворица Палестинци.

Палестинците по судирите преминаа преку барикадите и дојдоа до влезот во Ал Акса.

Верниците и на ова подрачје го дочекаа Рамазан бајрам во сенка на пандемијата.

Претходно е соопштено дека Ал Акса, која поради Ковид-19 е затворена подолго од два месеца, по Бајрам повторно ќе биде отворена за молитви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın