свет

Генералниот секретар на НАТО го поздрави прекинот на огнот во Авганистан

Столтенберг истакна дека НАТО продолжува да биде посветен на долгорочната безбедност на Авганистан

Şerife Çetin  | 24.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Генералниот секретар на НАТО го поздрави прекинот на огнот во Авганистан

БРИСЕЛ 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека го поздравува заемното прекинување на огнот меѓу талибанците и Владата на Авганистан поради Рамазан бајрам, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во пораката објавена на неговиот профил на Твитер, Столтенберг истакна дека сите страни треба да ја искористат оваа можност.

Тој, исто така, истакна дека НАТО продолжува да биде посветен на долгорочната безбедност на Авганистан.

- Одлука за прекин на огнот

Во изјавата дадена од талибанците се наведува дека е донесена одлука за прекин на огнот за време на Рамазан бајрам за да граѓаните удобно го поминат празникот. Исто така во соопштението се наведува дека милитантите низ земјата во следните 3 дена во никој случај нема да извршат напади.

„Доколку другата страна изврши напад, ќе биде даден соодветен одговор“, се истакнува во соопштението на талибанците.

Претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, исто така, соопшти дека ја поздравуваат талибанската одлука за прекин на огнот и дека и тие донеле иста таква одлука за прекин на огнот за време на Бајрам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.