Halis Akyıldız
15 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
КАРТУМ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ организира ифтарска програма за неколку стотици лица во Центарот за деца без родители во Судан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставникот на ИХХ во Судан, Билал Бахчи, за АА изјави дека исто како и претходните години, и овој Рамазан, месецот на постот на муслиманите, ги продолжуваат своите рамазански активности во Судан.
Тој истакна дека поделиле пакети со храна за 200 семејства во кварот Калакла, јужно од престолнината Картум.
„Потоа во Центарот за деца без родители обезбедивме ифтар за 300 лица. Во наредните денови ќе се обидеме да доставиме ифтари и до оддалечените села. Освен во Картум, ќе поделиме пакети со храна за околу 400 семејства и во другите места. Исто така, ќе организираме ифтар и за студентите на Меѓународниот универзитет во Африка“, изјави Бахчи.
Директорот на Центарот за деца без родители, Сихам Мухамед, истакна дека Турската хуманитарна организација ИХХ од 1993 година помага на нивната установа, за барем донекаде да обезбедат подобри услови за живот на децата за кои се грижат.
Тој нагласи дека помошта и поддршката на ИХХ многу значи во нивната работа.