свет, Коронавирус

Во Индија по првпат регистрирани над 200.000 случаи на коронавирусот во едно деноноќие

Според податоците објавени денеска од Министерството за здравство, регистрирани се вкупно 206.793 новозаразени, што го зголеми вкупниот број во земјата на 14,07 милиони

Ekipa  | 15.04.2021 - Обновена : 16.04.2021
Во Индија по првпат регистрирани над 200.000 случаи на коронавирусот во едно деноноќие

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија регистрирани се над 200.000 случаи на коронавирусот во едно деноноќие, за првпат од почетокот на пандемијата, со што билансот на досега заразени во земјата достигна над 14 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени денеска од Министерството за здравство, регистрирани се вкупно 206.793 новозаразени, што го зголеми вкупниот број во земјата на 14,07 милиони. Евидентирани се и 1.038 починати од коронавирусот, со што бројот на смртни случаи во земјата достигна 173.123.

Индија во последните неколку недели бележи огромно зголемување на дневниот број на заразени поради што многу градови во земјата воведоа ограничувања, со цел спречување на ширењето на вирусот, иако Федералната влада соопшти дека нема да има карантин на државно ниво.

Според статистичките податоци, главниот град Њу Делхи има 17.282 нови случаи на вирусот во изминатите 24 часа - највисок број за едно деноноќие досега. Со најголем број починати регистрирани во Њу Делхи, огромен е притисокот врз крематориумите и погребните места во градот.

Поради зголемувањето на заразените се појави огромен притисок и врз здравствената инфраструктура, при што во многу области е пријавен недостиг на кревети и боци со кислород.

На почетокот на овој месец, дневниот број на заразени со вирусот во Индија за првпат од почетокот на пандемијата минатата година надмина 100.000. Во септември, земјата го достигна најголемиот број дотогаш од околу 98.000 заразени, но потоа бројот на случаи почна да се намалуваат до крајот на јануари, кога повторно почна да се зголемува.

Западната индиска држава Махараштра од средата навечер воведе строги ограничувања во следните 15 дена, период во кој властите ги дозволија само есенцијалните активности.

И покрај големиот наплив на случаи, десетици илјади луѓе се собраа вчера во северната индиска државата Утараханд за Денот за капење на Шахи Снан за време на Верскиот фестивал „Кумбх Мела Хинду“. Експертите стравуваат дека бројот на случаи може да се зголеми бидејќи помалку се почитуваат мерките за Ковид-19 за време на фестивалот.

Индија во моментов е втора најпогодена земја со вирусот во светот според бројот на заразени, по САД.

Земјата започна со вакцинација на 16 јануари оваа година. Според официјалните податоци, досега се администрирани над 100 милиони дози на вакцини. Индиската Влада оваа недела ја одобри и руската вакцина „Спутник ве“.

Експертите во Индија велат дека непочитувањето на правилата за физичко дистанцирање од страна на населението и неносењето маски придонело за пораст на бројот на случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın