свет

Судан: Петмина цивили убиени во напад со дрон на суданските Сили за брза поддршка

Камиказа дрон на Силите за брза поддршка експлодираше на централниот пазар во градот, при што загинаа пет лица, а ранети се уште 10

Mohammad Sıo  | 24.10.2025 - Обновена : 24.10.2025
Судан: Петмина цивили убиени во напад со дрон на суданските Сили за брза поддршка

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку пет цивили се убиени, а повеќе од 10 повредени кога беспилотно летало управувано од суданските Сили за брза поддршка (RSF) погоди собир на цивили во Ел Фашер, главниот град на државата Северен Дарфур, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Нападот се случил вчера, но жртвите се објавени денес.

Камиказа дрон на Силите за брза поддршка експлодираше на централниот пазар во градот, при што загинаа пет лица, а ранети се уште 10, изјавија локални извори за новинската агенција „Судан трибјун“.

Очевидци денес изјавија за „Судан њуз“ дека воздушната одбрана на суданската Армија пресретнала беспилотни летала лансирани од Силите за брза поддршка што летале над Меѓународниот аеродром во Картум, што е четврти ден по ред од ваквите напади.

Силите за брза поддршка започнаа со напади врз аеродромот, заедно со другите витални цели во државата Картум, во вторникот, токму кога објектот требаше да се отвори повторно по неговото затворање повеќе од две години.

На аеродромот во средата сообраќаше првиот цивилен патнички лет.

Немаше непосреден коментар од бунтовничката група за наводите.

Армијата и Силите за брза поддршка водат војна од април 2023 година, во која загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а 14 милиони се раселени, според податоците на Обединетите нации (ОН) и локалните власти.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.