Behram Abdelmunim Mohamed Mustafa
17 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
КАРТУМ (АА) - Бројот на загинати во Судан во протестите против минатомесечното воено преземање на власта во земјата се искачи на 24 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Независниот Централен лекарски комитет соопшти за смртта на еден демонстрант „кој е застрелан во главата од силите на пучот на Воениот совет на 13 ноември и е згрижен во болницата „Ал Ваад““.
Владејачкиот Воен совет на Судан објави вонредна состојба на 25 октомври и го распушти преодниот суверен Совет и Влада, неколку часа откако ги приведе премиерот Абдала Хамдок и министрите во неговата цивилна Влада.
Тој, исто така, суспендира некои одредби од уставниот документ во кој се наведува политичката транзиција.
Пред военото преземање, Судан беше управуван од суверен совет од воени и цивилни функционери кои го надгледуваа периодот на транзиција до изборите во 2023 година, како дел од пактот за поделба на власта меѓу војската и коалицијата „Сили за слобода и промени“.