свет

Стотици Јеменци излегоа на протести поради геноцидот на Израел и нападите врз новинарите во Газа

Израел се соочува со зголемена осуда за својата геноцидна војна во Газа, каде што од октомври 2023 година уби речиси 61.600 Палестинци

Elena Trenchevska Chekovic  | 14.08.2025 - Обновена : 14.08.2025
Стотици Јеменци излегоа на протести поради геноцидот на Израел и нападите врз новинарите во Газа

СКОПЈЕ (AA) – Стотици Јеменци се собраа на Универзитетот Сана во главниот град на Јемен во знак на протест поради израелскиот геноцид и убивањето на 28-годишниот палестински дописник на Ал Џезира на арапски јазик, Анас ал-Шариф, јавува Анадолу.

Во неделата, во израелскиот напад врз шаторот на новинарите во близина на болницата „Ал-Шифа“ во градот Газа убиени се шестмина палестински новинари.

Меѓу жртвите се дописниците на Ал Џезира - Анас ал-Шариф и Мухамед Крејкеа, снимателите Ибрахим Захер и Моамен Алива, нивниот асистент Мухамед Нуфал и хонорарниот новинар Мухамед ал-Халди, кој им подлегна на повредите во понеделникот.

Канцеларијата за медиуми во Газа соопшти дека 238 новинари се убиени во израелската војна во енклавата, која трае веќе 22 месеци.

Израел се соочува со зголемена осуда за својата геноцидна војна во Газа, каде што од октомври 2023 година уби речиси 61.600 Палестинци.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.