Eşref Musa,Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet,Zeynep Katre Oran
06 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
ХАМА (АА) - Статуата на Хафез ал Асад, таткото на сирискиот претседател Башар ал Асад, е уништена денес од граѓаните во сириската провинција Хама, јавува Анадолу.
Во февруари 1982 година тогашниот претседател Хафез ал Асад започна голема воена операција против Муслиманското братство, што резултираше со масакр во кој се убиени најмалку 30.000 цивили.
Најмалку 17.000 цивили што беа приведени од режимот се водат како исчезнати.
Во масакрот беа уништени и 88 џамии, три цркви и голем број историски локалитети.
Судирите меѓу силите на сирискиот режим и антирежимските групи првпат избија на 27 ноември во западните рурални области на Алепо.
До 30 ноември опозициските сили презедоа контрола над поголем дел од центарот на градот Алепо и доминираа низ провинцијата Идлиб.
На 5 декември, по интензивните борби, антирежимските сили го одзедоа центарот на градот Хама од режимската контрола.
Во меѓувреме, на 1 декември опозициската Сириска национална армија ја започна операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во областа Тел Рифат во селата на Алепо, ослободувајќи ја областа од терористичките елементи.