Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Ahmet Karaahmet
06 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
ХОМС (АА) - Антирежимските вооружени групи во Сирија денес почнаа да навлегуваат во предградијата на центарот на градот Хомс, стратегиски значајна провинција, порта кон главниот град Дамаск, истакнаа извори, јавува Анадолу.
Групите, предводени од Хајат Тахрир ал-Шам, зазедоа големи делови од територијата во ненадејната офанзива што ја започнаа минатата недела.
Откако вчера презедоа контрола врз централниот град Хама, тие продолжија да напредуваат во регионот.
По освојувањето на центрите на гратчињата Растан и Талбисе, опозициските сили навлегоа во населбата Ваер во западниот дел на Хомс.
Судирите помеѓу силите на сирискиот режим и антирежимските групи првпат избувнаа на 27 ноември во западното рурално подрачје на Алепо.
До 30 ноември опозициските сили презедоа контрола над поголем дел од центарот на градот Алепо и воспоставија доминација низ провинцијата Идлиб.
На 1 декември опозициската Сириска национална армија ја започна операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на Тел Рифат во руралниот дел на Алепо, ослободувајќи ја областа од терористички елементи.