Elena Teslova
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска одржаа работна средба во Москва, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Од прес-службата на Кремљ се наведува дека на средбата присуствувале и високи руски и израелски воени претставници, како и специјалниот пратеник за Сирија на рускиот претседател, Александар Лаврентијев.
Пред посетата на израелскиот премиер на Русија, двајцата лидери имаа телефонски разговор во кој говореа за воените контакти и за ситуацијата на Блискиот Исток.
Според јавувањата на медиумите, израелскиот премиер ќе му понуди на Путин план за сириската криза.
Коментирајќи ги наводите на медиумите, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави: „Ако биде понуден план, Русија ќе го испита.“
Посетата на израелскиот премиер се случува неколку дена пред парламентарните избори во Израел.
Ова е првата посета на Нетанјаху на Русија, по ненадејната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец да го признае израелскиот суверенитет врз окупираната Голанска Висорамнина, потег на кој Москва се спротивстави.