Hakan Çopur
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа соопшти дека претседателот на САД, Доналд Трамп, на 6. и 7. април во Флорида ќе се сретне со кинескиот претседател, Си Ѓинпинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Белата куќа даде писмено соопштение во кое се истакнува дека средбата ќе се одржи во елитниот имот „Мар-а-лаго“ на Флорида, каде што понекогаш американскиот претседател Трамп заминува за викенд.
Во соопштението се истакнува дека ова е првата средба меѓу Трамп и Ѓинпинг, на која се очекува двајцата претседатели подетално да разговараат по прашањата за регионалните и глобалните односи.
Американската јавност истакнува дека на средбата меѓу Трамп и Ѓинпинг особено значење ќе им се даде на трговските прашања и спорните острови во Јужното Кинеско Море.
Оваа средба привлекува голем интерес со прашањето дали ќе успее да отвори нова страница во американско-кинеските односи.