Yusuf Özcan
11 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ПАРИЗ (АА) - Сузбиена е екстремно десничарска група во Франција која планирала да изврши терористички напад врз муслиманите и евреите во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според телевизискиот канал BFMTV, во рамки на истрагата која траела неколку месеци, сузбиена е екстремно десничарска група која планирала терористички напад врз муслиманите и евреите во земјата, во чии рамки биле приведени пет лица во периодот од септември 2018 до мај 2019 година.
Во веста се наведува дека истрагата започнала откако на 7 септември 2018 година било приведено едно лице кое било полицаец, од вкупно петтемина приведени во рамки на истрагата.
Според оваа вест, во домот на приведениот полицаец биле откриени калашников, експлозивни средства, оружје и пушка, а благодарение на истрагата реализирана по ова приведување, спречен бил терористичкиот напад.
Во веста се нагласува дека истрагата била водена од страна на Единицата за борба против тероризмот при Обвинителството во Париз.