Ekipa
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
ДАКАР (АА) - Владата на Габон денес соопшти дека го задушила обидот за државен удар во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Владата, Гај-Бертран Мапангу, за новинарите изјави дека војниците кои накратко го презеле националното радио утринава, се уапсени.
Мапангу нагласи дека ситуацијата е ставена под контрола, додека претседателот на земјата се опоравува од мозочниот удар во странство.
Комисијата на Африканската Унија (АУ) остро го осуди обидот за државен удар.
Челникот на Комисијата, Факи Махамат, на Твитер напиша: „Африканската Унија остро го осудува обидот за државен удар, изведен ова утрово во Габон. Го потврдувам ставот на Африканската Унија за целосно одбивање на неуставната промена на власта.“