Emel Öz Gözellik
06 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 6 лица загинаа, а 50 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи на Тајланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми информираат дека до несреќата дошло откако возачот на автобусот се обидел да избегне директен судар со возило од спротивниот правец.
Меѓу починатите е и едно бебе.
Тајланд е место на чести сообраќајни несреќи. Во текот на изминатите Новогодишни празници, во несреќи на тајландските патишта животот го загубија најмалку 463 лица.