Alaattin Doğru
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ДАКАР
Во Гвинејскиот Залив кој поради нападите на пиратите е познат како најопасно крајбрежје во светот, изминатите 4 дена се киднапирани 16 морнари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објавија меѓународните интернет страници за морепловство, во рамките на границите на Гвинејскиот Залив, на отворено море меѓу Нигерија и Габон во периодот од 1 до 4 мај 3 брода биле цел на пиратски напади.
Пиратите на почетокот на мај на отворено море кај Нигерија со глисер се доближиле до брод товарен со нафта кој пловел под панамско знаме, преземајќи ја контролата над бродот и киднапирајќи 10 членови на екипажот.
Не се познати државјанствата на киднапираните морнари.
Вториот напад е изведен на отворено море кај Габон, кој еизведен врз рибарските бродови „Amerger 2“ и „Amerger 7“. Пиратите во овој напад киднапирале 6 морнари, од кои 3 се Индонезијци, 2 Сенегалци и 1 Јужнокореец.
Гвинејскиот Залив поради нападите врз бродовите од страна на пиратите е познат како најопасно крајбрежје во светот.
Според податоците на Бирото за меѓународно морепловство (BIM), во 2018 година во Гвинејскиот Залив биле извршени 78 пиратски напади, додека во 2019 година бројот на напади е зголемен на 121.
Во Гвинејскиот Залив се изведуваат 90% од вкупниот број на пиратски напади во светот.