свет

Спасувачките екипи ги извлекоа телата на 26 настрадани во свлечиштата во Индија

- Панкаџ Кавидајал, службеник за спасување, изјави дека 21 од 26-те настрадани се припадници на Територијалната војска

Associated Press  | 02.07.2022 - Обновена : 03.07.2022
Спасувачките екипи ги извлекоа телата на 26 настрадани во свлечиштата во Индија Фото: Илустрација / АА

ГУВАХАТИ (АА) - 26 лица настрадаа во свлечишта и одрон на земјиште во североисточниот дел на Индија, соопштија денес индиските официјални лица, известува Агенција Анадолија (АА).

Спасувачките екипи ќе продолжат со своите активности и во наредните неколку дена, а 37 лица се водат за исчезнати.

Панкаџ Кавидајал, службеник за спасување, изјави дека 21 од 26-те настрадани се припадници на Територијалната војска. Воениот персонал ги обезбедуваше железничките службеници од со децении стариот бунт со кој се бара посебна татковина за етничките и племенски групи во тоа подрачје.

Се проценува дека од 17 мај околу 200 луѓе смртно настрадале во свлечиштата предизвикани од поројните врнежи во индиските држави Асам, Манипур, Трипура и Сиким. Свлечиштата принудија повеќе стотина лица да се раселат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.