Esra Taşkın
08 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
ПАРИЗ
Социјалните работници во Франција вчера стапија во штрајк низ цела земја во знак на протест поради недостиг на персонал и финансиски средства во нивниот сектор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Централните протести се одржаа во центарот на Париз, а демонстрантите се собраа на метро-станицата „Сен Жак“ и со мирна прошетка дојдоа на платото пред седиштето на Министерството на здравство на Франција.
Организаторите велат дека речиси 8.000 демонстранти се собрале на протестите.
Една од учесниците на демонстрациите, Одри Телиер, за АА изјави дека работи во Институтот ИМЕ, кој згрижува деца со аутизам и бара подобри услови за работа и зголемување на платата.
Протестите беа поддржани од бројни синдикални организации во Франција.