Yusuf Özcan
08 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
ПАРИЗ
Во главниот град на Франција, Париз, уапсено е лице осомничено за поврзаност со убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неименуваните правосудни извори за француските медиуми кажаа дека осомниченото лице го уапсила граничната полиција на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.
Локалните медиуми објавија дека е уапсен 33-годишниот Халид Алотаиби и тоа додека се качувал во авион за Ријад.
Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, убиен е во комплексот на Саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година, во кој тој ден се најде поради закажан термин за издавање на потребни лични документи за венчавање. Беше познат по критикувањето на политиката на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.